Туск: Државите од ЕУ да бидат праведни кон Лондон

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе ги надлегува преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија денеска изјави дека сака државите членки на ЕУ да бидат праведни кон Лондон, задржувајќи го своето единство.

– Она што беше и што мене ми останува најважно е нашето однесување во овие преговори да ја претстави ЕУ во најдобро светло: во услови на единство, политичка солидарност и праведност кон Обединетото Кралство, рече Туск обраќајќи се пред Европскиот парламент.

Информирајќи ги пратениците за самитот на 27-те лидери на земјите членки, со кој претседаваше на 29 април, Туск нагласи дека тие ќе инсистираат Лондон да покаже „доволен напредок“ во прифаќањето на барањата на ЕУ за правата на граѓаните на Унијата во Британија, неплатените долгови и границата со Ирска, пред Брисел да ги отвори преговорите за идната трговска спогодба.

Преговорите за Брегзит ќе почнат по изборите во Велика Британија, закажни за 8 јуни.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно