Првиот човек на „Ламборџини“ Стефано Доменикали потври дека нивниот СУВ на компанијата наречен „Урус“ ќе го покренува четирилитарски битурбо В8 мотор од 660 коњски сили, како и дека во подготовка е и негова хибридна верзија.
Долго најавуваниот ултраспортски СУВ „Ламборџини Урус“, кој се оценува како еден вид наследник на моделот „ЛМ 002“, до првите европски купувачи треба да стигне во втората половина на идната година, а по една година компанијата ќе понуди и негова хибридна верзија.
„Ламборџини“ очекува во првата година да продаде 1.000 примероци, а производството во 2019 година треба да изнесува 3.500 модели, што би претставувало половина од вкупното годишно производство на славната италијанска автомобилска компанија која со години произведува супер спортски автомобили.
Компанијата овој пат не е фокусирана на брзината, туку инсистира „Урус“ покрај перформансите пред се да биде комотен и удобен во секојдневните ситуации.
Но, за разлика од „Ламборџини“, некои производители не се откажуваат од високите перформанси на своите СУВ модлеи. Така, „Џип“ веќе го нуди „Гранд Чироки Тракхок“ чиј 6,2-литарски В8 мотор нуди 717 коњски сили, а „Порше“ со следната генерација на моделот „Кајен“ веројатно ќе понуди и хибридна верзија со над 670 коњски сили.