Демократите најавуваат блокада на изборот на нов шеф на ФБИ

Од:

Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер најави дека неговата партија се обидува да го спречи изборот на нов директор на Федералното истражно биро (ФБИ), кој би предложил претседателот на САД, Доналд Трамп.

Шумер наведе дека изборот би бил блокиран се додека Администрацијата на Трамп не дозволи именување на специјален обвинител кој би ги истражил мешањето на Русија во американските претседателски избори, што се одржаа во ноември минатата година и евентуалните врски меѓу Москва и предизборниот штаб на Трамп.

Заканата на Шумер следи по одлуката на Трамп за смена на досегашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми.

За да можат да ја остварат својата идеја на демократите им е потребна е поддршка од некои од републиканците во Сенатот, имајќи предвид дека тие имаат 48 сенатори, а за блокада на изборот се потребни нјамалку 51 глас.

– Клучно, секако, е да се продобијат некои од републиканските колеги кои ќе ни се придружат, изјави Шумер за Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија