Во Пекинг се одржува Тркалезна маса на светските лидери

Од:

Тркалезна маса на светските лидери, која се одржува во рамки на Форумот „Појас и пат за меѓународна соработка“, почна рано изутринава по средноевропско време во Пекинг.

На настанот во Меѓународниот конференциски центар на езерото Јенчи учествуваат шефови на држави или влади на 28 земји и раководители на три меѓународни организации – Обединетите нации, Меѓународниот моментарен фонд и Светската банка.

Освен домаќинкот, претседателот на Кина, Си Џингпинг, кој ја отвори Тркалезната маса, на собирот се присутни и претседателите на Русија, Турција и Чешка, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Милош Земан, како и премиерите на Унгарија, Грција и Полска, Виктор Орбан, Алексис Ципрас и Беата Шидло.

Кинескиот претседател ги пречека сите гости во централниот хол на Конфренциската сала пред голем број новинари од целиот свет.

На Форумот, кој е отворен вчера учествуваат повеќе од 1.500 претставници од над 100 земји од целиот свет.

Тркалезната маса почна со сесија на тема „Политика на синергија за потесно партнерство“.

Во обраќањето на собурот Путин истакна дека Москва го поддржува проектот „Појас за меѓународна соработка“ и најави активно учество на Русија во него.

Тој истакна дека задачите на патот кон имплементација на иницијативата, која ја формулира кинескиот претседател се мошне тешки, но потребни.

Русија, според него нема само да ја поддржи иницијативата, туку во нејзината имплементација ќе учествува активно.

Путин нагласи дека создавањето појас на економски развој и меѓусебна трговија меѓу Азија и Европа претставува итна и важна иницијатива.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени