Илјадници вранотени во јавниот здравствен сектор протестираа денеска во Мадрид поради плановите на регионалните власти да го преструктурираат и делумно приватизираат секторот.
Денешните протести под мотото „бела плима“ се ден по средбата на регионалниот советник за здравство со комисијата одговорна за координација а професионалните услуги и претставници на синдикатите во обид да договорат мерки за штедење во вредност од 533 милиони евра.
Шпанските региони се борат со вкупен долг од 145 милијарди евра, додека земјата се наоѓа во двојна рецесија по падот на пазарот на недвижности во 2008 година.