Љубовно писмо стигна на вистинската адреса по 72 години

Од:

Љубовно писмо затурено во ѕидот на една куќа на американската сојузна држава Њу Џерси, конечно беше доставено до ветеран од Втората светска војна, 72 години откако било напишано.

Мелиса Фахи и нејзиниот татко го пронашле изгубено љубовно писмо во пукнатините под скалите во текот на реновирањето на нивната куќа. На ковертот имало печат од мај 1945 година, а писмото го напишала жена по име Вирџинија за својот сопруг Ролф Кристонферсен, кој бил припадник на Воената морнацира.

Сопственичката на куќата не можела да поверува каква љубов и восхит Вирџинија имала кон својот сопруг, па решила писмото да го испрати на адресата на која било адресирано, јави њујоршката телевизија Ви-Ен-Би-Си.

Мелиса успеала да стапи во контакт со синот на поранешниот морнар кој му го прочитал писмото на својот 96-годишен татко. Вирџинија починала пред шест години.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска