Неодамна беше објави трејлерот за филмот „Кралот Артур“ на режисерот Гај Ричи, во кој глуми и поранешиот англиски фудбалски репрезентативец Дејвид Бекам.
Но, според првичните реакции на публиката, може да се заклучи дека таа не е воодушевена од неговите актерски способности, што е особено видливо според коментарите на социјалните мрежи.
– Што му е со гласот? Звучи многу лошо кога зборува. Како Викторија додека пее, гласи еден од коментарите.
– Ова е најлошо глумење кое некогаш сум го видела, оцени една корисничка на социјалните мрежи.
– Молете се за кралот Артур, затоа што Дејвид Бекам не може да го спаси филмот, напиша корисник на Твитер.
Додека некои ја коментираат глумата на Бекам, други го осудуваат режисерот Гај Ричи, кој е инаку негов добар пријател, затоа што му ја довееил улогата.
– Дејвид Бекам во „Кралот Артур“!? Истовремено многу смешно, предвидливо и апсолутно депресивно, гласеше еден од коментарите.
Во напливот на негативни коментари, сепак имаше и такви кои му честитаа на Бекам на неговата актерска способност и кои тврдат дека не можат да ја дочекаат премиерата на филмот.