Беседења за Гане Тодоровски во ДПМ

Од:

Книжевна средба под наслов „Седум навраќања кон темата Гане Тодоровски“ ќе биде одржана утре напладне во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Средбата ќе ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а беседи за Гане Тодоровски ќе имаат Георги Сталев, Иван Чаповески, Олга Панкина, Раде Силјан, Димитар Пандев, Трајче Кацаров и Панде Манојлов. Ќе бидат читани песни од Гане Тодоровски, како и стихови посветени за него, а средбата ќе ја води Антонио Павлески.

Преку беседите на познавачите на творештвото на Гане Тодоровски (1929 – 2010), на денот на раѓањето на поетот, 11 мај, ќе бидат осветлени аспекти на неговата поезија, книжевната наука, преводот, критиката и есејот. Низ сеќавања на неговите блиски соработници, ќе стане збор и за учеството на Гане Тодоровски во литературниот живот, како член на ДПМ од 1951 година и во два мандати претседател на македонската писателска асоцијација, за влогот во покренувањето, осмислувањето и развојот на Струшките вечери на поезијата, за општествениот и боемскиот живот, како и за неговата педагошка работа на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти ДПМ.

Гане Тодоровски својата прва поетска книга, со наслов „Во утрините“ ја објави во 1951 година. Во наредните шест децении тој создаде значаен творечки опус за кој е добитник на високи признанија, меѓу кои и на наградите „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Димитар Митрев“ и „Ацо Шопов“.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска