Сојузниците знаеле за холокаустот во 1942, две години пред дотогашните претпоставки, докажува документ од ОН

Од:

Тајмс оф Израел – Тел Авив

Велика Британија, САД, Русија, биле запознати со милиони луѓе убиени од нацистите, стои во нова книга која фрла нова светлина на одбивањето да се прифатат бегалци или да се сопре со крвопролевањата.

Неодамна објавен документ покажува дека сојузничките сили биле запознати со степенот на холокаустот, две години пред дотогашните претпоставки за негово постоење. Тие малку сториле да се сопре со убивањата или со за спасување на жртвите.

Отпечатени документи од Обединетите нации покажуваат дека Велика Британија, САД и Русија знаеле барем во декември 1942 година дека два милиони Евреи биле масакрирани, и дека милиони други биле во ризик да бидат убиени објави британскиот весник Индепендент.

И покрај тие сознанија, сојузниците не прифаќале бегалци ниту презеле акција да ги сопрат масовните убиства.

– Големите сили коментирале за масовните убиства на Евреите две ипол години пред тоа да биде официјално обзнането, изјави за Индепендент Дан Плех, авторот на новата книга „Човековите права по Хитлер“.

Во декември 1942, британскиот секретар за надворешни работи Ентони Еден во британскиот парламент, во име на владите на Велика Британија, САД и Русија, зборувал дека нацистите биле во процес на истребување на Евреите. Еден рекол дека слична изјава истовремено била прочитана и во Москва и во Вашингтон.

– Германските власти, кои не зборуваат за негирање на лица од еврејска раса на сите териториии каде ги спроведуваат своето варварско владеење, за најелементарните човекови права, сега ја спроведуваат во пракса често повторуваната намера на Хитлер за истребување на еврејскиот народ“, рекол Еден во изјавата.

Плех, истражувач на Универзитетот во Лондон, вели дека сојузниците наводно дознале за активностите на германските нацисти, „кога откриле концентрациони логори, но ова јавно го соопштиле дури во декември 1942 година“.

Плех ги истакна обвинувањата дека сојузничките сили сториле многу малку за да спасат Евреи. Во март 1943, на основа на извештаи од Европа, архиепископот од Кантербери, Вилијам Темпл, шеф на Црквата на Англија, преговарал со британската влада за да прифати Евреи бегалци кои биле во опасност да бидат масакрирани.

– Во поглед на масакрите и изгладнувањата на Евреи и други во непријателските и од непријателите окупирани земји“, Темпл пишал до Домот на лордовите, дека владата треба да ја понуди „својата целосна поддршка за итни мерки, од најголем и највеликодушен обем… да обезбеди помош и привремено засолниште за лица во опасност да бидат масакрирани и кои ќе можат да ги напуштат непријателските и од непријатели окупирани земји“.

Но Вискаунт Кренборн, министер во воениот кабинет на премиерот Виснтон Черчил, рекол дека Британија не е во позиција да прифаќа голем број бегалци, и дека додека владата сочувствува со ситуацијата, таа првенствено треба да се грижи за своите граѓани. Книгата на Плех е базирана на архива од сега веќе непостоечката Комисија за воени злосторства при ОН, која била запечатена цели 70 години. Тој вели дека со помош на интервенција од страна на Саманта Пауерс, поранешниот амбасадор на САД во ОН, успеал да пристапи до овие документи. Постојат и други докази дека сојузниците знаеле за опсегот на холокаустот веќе во 1942 година. На пример, од меморијалниот центар Јад Вашем холокауст во извештај до ОН информирале дека „за време на 1942, извештаи за план на нацистите за убивање на сите евреи – меѓу кои има и детали за методите, бројките и локациите – стигнале до сојузниците и неутралните лидери од многу извори“.

Но, Плех вели дека новите истражувања овозможува и „купишта клинци за забивање во ковчезите“ на оние кои го негираат холокаустот.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте