Приближно 900 осомничени педофили се уапсени или кривично гонети во истрагата против еден од најголемите сајтови за детска порнографија, јавија денеска американски и европски истражни служби, пренесе ДПА.
ФБИ и американското Министерство за правда во 2015 година ја почнале операцијата против сајтот „Плејпен“ (Детска кошара), со кодно име „Биберон“, со немара да ги најдат неговите членови. Оваа база на податоци се наоѓа во таканаречената темна мрежа и има 150.000 корисници.
Шеф на сајтот бил 58-годишниот Стивен Чејс, од Флорида, кој неделава во Северна Каролина беше осуден на 30 години затвор, јавија американските власти.
Чејс сајтот го создал во август 2014 година, а федералните служби истрагата против него ја почнале во декември истата година, откако добиле сигнал да реагираат.
Досега во САД се извршени 350 апсења и уште 548 во другите делови на светот, вклучувајќи ги ЕУ, Израел, Турција, Перу, Малезија, Чиле и Украина, посочи ФБИ.
За време на истрагата против сајтот американските власти успеале да идентификуваат или да спасат 55 деца жртви на сексуални кривични дела.