Научници од американскиот Универзитет во Питсбург веруваат дека пронашле лек против СИДА-та, откако успеале првпат да излекуваат глувци инфицирани со ХИВ вирусот, објави „Индепендент“.
Научниците изјавија дека го уништиле вирусот во глувците користејќи техника која ја нарекле ЦРИСПР. Тие признаваат дека постојат уште неколку проблеми кои треба да ги надминат, но дека уништувањето на вирусот е голем успех и чекор напред во лекувањето на луѓе заразени со ХИВ.
Некои од глувците биле „хуманизирани” така што во нив биле вбризгувани клетки од човечкиот имунолошки систем, објаснија научниците.
Слични откритија кои успеваат на животни, често се покажуваат неуспешни кај луѓето. Меѓутоа, истражувачите и научниците од Универзитетот во Питсбург велат дека ова откритие пружа „лек кој ветува“ дека би можел да биде успешен за луѓето инфицирани со вирусот ХИВ-1.
Следниот чекор, пред евентуално испитување на лекот на луѓе, ќе биде повторување на целата постапка на животни, кои ќе бидат изложени на „висок” стадиум на болеста. Најголемиот проблем е краткиот животен век на глувците, поради што истражувањето на нив е ограничено.
Пред неколку години молекуралните биолози од Медицинскиот факултет на Техничкиот универзитет во Дрезден во тек на повеќегодишна работа успеаја целосно да излекуваат глувци заразени со ХИВ, но нивните тестирања не продолжија на луѓе поради недостиг на пари.