„Киа Моторс“ во Индија гради фабрика за 300.000 возила годишно

Од:

Корејскиот автомобилски бренд „Киа Моторс“ на крајот на 2017 година ќе ја почне изградбата на фабрика во Индија, а инвестицијате е вредна 1.1 милијарда долари.

Компанијата „Киа Моторс“ со Владата на индиската сојузна држава Андра Прадеш потпиша договор за изградба на нова фабрика во областа Анантапур.

Инвестицијата во првата фабрика на „Киа“ во Индија изнесува 1.1 милијарда долари, почетокот на изградбата е планиран за крајот на 2017 година, а првите автомобили од производствените ленти ќе се симнат кон средината на 2019 година.

Проектираниот капацитет на фабриката, што ќе се простира на 2,16 квадратни киолометри, ќе изнесува околу 300.000 возила годишно.

„Киа“ соопшти дека во оваа фабрика ќе произведува лимузини и спортско теренско возило, а двата модела исклучиво се наменети за индискиот пазар.

Индија е најголем брзорастечки пазар, што со повеќе од 3.3 милиони продадени возила во 2016 година, претставува петти најголем поединечен автомобилски пазар во светот. Аналитичарите предвидуваат дека Индија веќе кон крајот на 2020 година ќе биде трет најголем пазар во светот.

Оваа огромна држава, покрај тоа, располага со мрежа добавувачи на авто-делови, кои многу брзо се шират, но и со доволен број обучени кадри за производство на автомобили.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска