Македонските најдобри пливачи, учесници на светското првенство за средношколци кое од 20-25 Април се одржа во Будимпешта денеска беа примени од директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
– Средношколците имаа извонредна можност да ги одмерат силите со своите врсници од Кина, Индија Мароко, Португалија, Романија, Словачка, Тајпеј, Хрватска, Франција, Бразил, Луксембург, Турција, Белгија, Унгарија и Израел. Натпреварувањето се одвиваше во 4 категории: селекција женски, селекција машки, училишен тим машки и женски. Македонските пливачи настапија во селекција машки во неколку дисциплини каде што остварија значителни резултати квалификувајќи се во Б финале и во двата дела, соопштија од АМС.
Успехот, велат од АМС, е далеку поголем ако се знае дека е остварен во конкуренција од над 350 натпреварувачи, а нашата репрезентација броеше шест момчиња.