Човечкото влијание ја уништува животната средина: Повеќе од 100 природни добра исчезнуваат по наша вина

Од:

Национална географија – Вашингтон

Најновите истражувања откриваат дека кај 63 проценти природни добра се забележува негативно човечко влијание, а дека дури 91 процент анализирани подрачја се соочуваат со драстично губење на шумите. Кои природни богатства се најзагрозени?

Според резултатите на студијата која ги испитувала и анализирала човечките влијание и губењето на шумите, а која е објавена во списанието Biological Conservation, над 100 природни добра под заштита на УНЕСКО сериозно се оштетени и тоа поради човечкиот фактор.

Природните добра под заштита на УНЕСКО вклучуваат 229 наоѓалишта во светот и се сметаат за неверојатни универзални вредности кои ги надминуваат националните граници.

Меѓутоа, кај 63 проценти анализирани наоѓалишта се забележува зголемен човечки притисок и влијание кое се гледа во изградбата на патишта, агрикултурата, инфраструктурата и населбите од 1993 година – Гардијан.

Од друга страна, дури 91 процент природни добра кои содржат шуми се соочиле со губење на шумите од 2000 година.

Азија е најзагрозена

На азискиот континент се забележува најинтензивно влијание на човечкиот фактор, со Националниот парк Манас (дом на многу загрозени видови вклучувајќи тигри, џуџестата асамска свиња, индискиот носорог и индискиот слон) во Индија кој направи голем исчекор, а кој од 1985 година се наоѓа на листата на светското наследство.

Исто така, Националниот парк Комодо во Индонезија е дом на 5.700 комодо змаеви кои не постојат на ниту едно друго место, а исто така трпат негативно човечко влијание.

Човечкото влијание и притисокот во природните добра се зголемува на сите континенти освен во Европа, каде значително се намалува. Авторите на студијата истакнуваат дека ова е охрабрувачки иако треба со резерва да се прифатат овие резултати, бидејќи во оваа студија не се мерени и анализирани другите закани како притисок од туризмот, рапидните климатски промени и ловокрадците.

Северна Америка и Австралија претрпеа најголема загуба на шумите

Губењето на шумите е забележано на сите континенти, а најлоши последици се забележуваат во Северна Америка и Австралија. Губењето на шумите во Северна Америка е толку драстично што претставува 57 процентна загуба на шумите од светското наследство воопшто.

Интернационалниот парк на мирот Вотертон глечер, кој ја опфаќа и канадската и американската територија, изгуби една четвртина од своите шумски предели, додека Националниот парк Вуд Бафало во Канада изгуби 12 проценти, а Националниот парк Јелоустоун во САД 6 проценти.

Научниците сметаат дека губењето на шумите во Северна Америка веројатно е предизвикано од епидемија на бубалки во боровите шуми, кои се јавија како резултат на климатските промени.

Време за драстични промени

„Светот никогаш не би дозволил Акропол да биде уништен или некоја пирамида да се замени со патишта и куќи, но сепак на планетата, дозволуваме нашите природни наследства да бидат целосно изменети” – вели авторот на студијата Џејмс Вотсон од Здружението за зачувување на дивината при Унуверзитетот во Квинсленд во Австралија.

Еден од авторите на студијата Џејмс Алан од Универзитетот Квинсленд истанка дека е време за исчекор и да направиме повеќе за заштита на природното наследство, како и нивното зачувување да го сфатиме сериозно.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска