Месец и половина по светската премиера на новиот модел на „Волво“ почна сериското производство на новата генерација на СУВ „ХЦ60“.
Новиот „ХЦ60“ пред себе има тешка задача да го продолжи успехот на претходникот, што сочинуваше 30 отсто од продажбата на сите автмобили на „Волво“.
Компактниот СУВ е целосно редефиниран во споредба со првата генерација, како во поглед на дизајнот, така и на технолошиот план. Автомобилот е поставен на нова СПА механичка платформа што веќе ги користи моделите „ХЦ90“, „С90“ и „В90“.
Дизајнот на надворешноста, исто така, има стилски јазик веќе виден на споменатите три возила.
Палетата мотори ги опфаќа 2.0 четирицилиндерските дизелаши и бензинци на најновото семејство на мороти од „Волво“, како што е дизелот Д4 со 190 кс и Д5 со 235 кс. Покрај нив, во понудата ќе биде и бензинецот Т5 со 254 кс како и Т6 со 329 кс и 400 Нм максимален вртежен момент во минута.
„Волво“ го опреми моделот ХЦ60“ со истот хибриден Т8 погонски систем што го користи и „ХЦ90“, а станува збор за Плуг-ин хибридот со вкупна комбинирана сила од 407 кс, што овозможува овој СУВ од 0 до 100 километри на час да стигнува за само 5,3 секунди.
„Волво ХЦ60“ ќе се изработува во фабриката Тосланда, во Шведска.