Стивен Хокинг и други научници денес ја повикаа британската влада да ја поништи пресудата на математичарот и компјутерски пионер Алан Тјуринг кој придонесе за победата на сојузниците во Втората светска војна, а подоцна е прогонуван поради хомосексуалност.
Во писмото кое денеска го објави весникот Дејли телеграф, Хокинг и 10 други научници бараат од британскиот премиер Дејвид Камерон “официјално да му прости на херојот на Велика Британија”.
Тјуринг работел во Блечли парк, воениот центар за разбивање шифри, каде што помогна во разбивањето на шифрите на германската Енигма со својата “бомба” – апарат кој се смета за претходник на модерните компјутери.
По војната, тој беше осуден за сексуални односи со маж, одземена му е дозволата за работа во безбедносните служби и на сила беше испратен на хормонска терапија.Извршил самоубиство во 1954 година. на 41 година така што изеде јаболко во кое вбризга цијанид.
Тој го осмисли “тестот на Тјуринг”, со кој се испитува способноста на машините да изразат интелегентно однесување, а кое влезе во основата на теоријата на вештачка интелигенција.
Во Британија, сексуалната врска меѓу двајца мажи беше кривично дело до 1967 година.
Британскиот премиер Гордон Браун во 2009. официјално се извини во име на владата поради “нехуманиот” третман на кој бил изложен.