Победа во сингл и пораз во двојки за Јотовски во Анталија

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со победа во поединечна конкуренција и со пораз во двојки стартуваше на фјучрс турнирот во Анталија што се игра за награден фонд за 15.000 долари.

Тој во мечот во сингл на убедлив начин без загубен гем (6:0 и 6:0) го победи Хуан Хозе Вентурели од Чиле. Во следното коло ќе игра против четвртиот носител Александар Лазов од Бугарија, кој денеска со 2:0 (6:4 и 6:4) го победи Мануел Пена Лопез од Аргентина.

Во меѓусебните мечеви, Лазов има две победи против Јотовски.

Во игра на двојки, Јотовски заедно со Виктор Нунез Леал од Чиле загубија во првото коло од Мухамет Хајлаз (Турција) и Горан Марковиќ (Србија) со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови).

Би можело да ве интересира

Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Наум Локоски

Тенисерот Јотовски го предаде полуфиналето во Кисељак

Успешен старт за Јотовски на фјучрсот во БиХ

Ана Ололовска

Јотовски го заврши настапот на турнирот во Анталија

Наум Локоски

Јотовски стартуваше со победа во двојки на фјучрс турнирот во Тунис

Наум Локоски

Јотовски без проблем ги мина квалификациите во Хамамет

Наум Локоски