Советот на Европа ги повика САД да ја укинат смртната казна по серијата егзекуции извршени во државата Арканзас.
„ Ова е многу вознемирувачко и е спротивно на глобалниот стремеж за укинување на ова нехумана и застарена казна. Ние апелираме на САД како набљудувачи во Советот на Европа, да се воздржат од понатамошни изведувања на смртни казни“, се наведува во соопшението од СЕ.
Во соопштението уште се истакнува дека преку Европската конвенција за човекови права, Советот на Европа успеа да создаде услови смртната казна да биде укината во подрачје кое опфаќа околу 820 милиони луѓе. Белорусија, која не е членка на СЕ, е единствена европска држава која има смртна казна.