„Цивик Тејп Р“ повторно загосподари со патеката Нирбургринг

Од:

Додека светот го очекува новиот „Рено Меган РС“, во „Хонда“ не седат со скрстени раце. Најновиот „Цивик Тејп Р“ се испроба на патеката во Нирбургринг и повторно стана најбрзиот сериски автомобил со преден погон на оваа германска патека.

Како што вчера соопшти јапонскиот производиел, „Цивик Тејп Р“, што премиерата ја имаше на саемот на автомобили во Женева, на почетокот на март, на 3 април на патеката постави нов рекорд кога станува збор за сериските произведени модели со погон на предните тркала.

Најновиот „hot-hatch“ на „Хонда“ славниот круг „Nordsjafe“, долг 20,8 километри, го обиколи за седум минути и 43,8 секунди. Тоа е за повеќе од три секунди подобар резултат од оној што на крајот на октомври 2016 година го постави досегашниот рекордер, „Голф ГТИ Клубспорт С“ на компанијата „Фолксваген“ (7:47:19).

Најдоброто време е забележано во текот на завршната фаза на тестирањето на моделот „Цивик Тејп Р“ на оваа патека, а рекордот е постигнат во сите временски услови и како што велат во „Хонда“, при оптимална температура на воздухот кога станува збор за работа на моторот и пневматиците.

Јапонскиот производител се пофали дека овој резултат за речиси седум секунди е подобар од претходната генерација на моделот „Цивик Тејп Р, што во еден период од 2015 година, исто така, го држеше рекордот во Нирбургринг во класата на продукциски автомобили со преден погон.

Новиот „Цивик Тејп Р“ за погон користи 2.0 ВТЕЦ турбо бензински мотор што испорачува 320 кс и развива 400 Нм максимални вртежи во минута. За пренос на силата се користи шестбрзински мануелен менувач.

Автомобилот со кој е соборен рекордот ги имаше сите технички карактеристики на сериско возило. Во „Хонда“ велат дека од безбедности причини е додаден ролбар кафез, но дека тој не влијаеше врз дополнителното зацврстување на конструкцијата. Вишокот маса поради рол-бар кафезот беше компензиран со отстранување на мултимедијалниот систем и задните седишта.

На возилото биле монтирани гуми со карактеристики што одговараат на патеката за трки, но чија употреба е дозволена на јавните патишта, објаснува јапонскиот производител.

Производството на новиот„Цивик Тејп Р“ за европските купувачи почнува во текот на летото 2017 година во фабриката на „Хонда“ во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска