„Ауди“ отвора книга за нарачки за првиот електичен СУВ

Од:

Новото возило на германскиот автомобилски бренд „Ауди“, моделот „Е-Трон Кватро“, прво ќе им биде понуден на купувачите во Норвешка, една од најнаклонетите европски држави за електрични автомобили.

„Ауди Е-Трон Кватро“, што ќе почне да се произведува во 2018 година, се темели на истоимениот концепт од 2015 година. Иако производителот се уште не ја претставил продукциската верзија на ова возило, од денеска заинтересираните купувачи во Норвешка ќе можат да уплатат депозит за „Е-Трон Кватро“, за една година однапред да можат да си го резервираат овој автомобил.

Депозитите изнесуваат 20.000 норвешки круни или околу 2.150 евра.

Техничките детали од серискиот „Ауди Е-Трон Кватро“ официјално не се објавени, но се очекува дека овој електричен СУВ ќе може да мине и до 500 километри благодарение на погонските батерии со капацитет од 95 кWh.

„Е-Трон Кватро“ ќе има три електрични мотори со вкупна комбинирана сила од околу 500 кс.

Автомобилот од место до стотка ќе стигнува за 4,6 секунди, а максималната брзина електронски е ограничена на 210 километри на час.

Погонот на сите четири тркала е обезбеден со тоа што два електромотора се задолжени за задните тркала, додека третиот ја придвижува предната осовина.

Што се однесува до димензијата, „Е-Трон Кавтро“ ќе ја заземе позицијата меѓу „Ауди Ку 5“ и „Ауди Ку 7“. Концептот е долг 4,88 метри, широк 1,93 метри и висок 1,54 метри, па се очекува дека и сериската верзија од овој автомобил ќе биде со слична големина.

„Ауди Е-Трон Кватро“ ќе се произведува во фабриката во Брисел, во Белгија, а најблискиот конкурент на пазарот ќе му биде „Тесла Модел Х“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска