Компанијата Ауди има намера да исфрли на пазарот корсовер купе свој прв модел Audi Q4, а тој ќе се најде во продажба во 2019 година и ќе биде предлог на компанијата од Инголштад за кросовер купе темелен на следната генерација на моделот Audi Q3. Новиот член на семејството на Ауди ќе се произведува во Унгарија во фабрика во Гуору.
Рецептот за кросовер купе е едноставен и контроверзен, тоа всушност е стандарден кросовер со промена на линијата на покривот, која прави автомобилот да има страничен профил, карактеристичен за купе.
Многу луѓе се подготвени да платат многу поскапо за да станат сопственици на ваков модел, кој е популарен наспроти фактот дека кросоверите се помалку практични. Луѓето ги купуваат за да се истакнат и воопшто не им пречи малиот простор за главата и фактот дека багажот не е голем.
Audi Q3 и Q4 ќе ја користи MQB платформата на Фокскваген Групата, а стандардно ќе доаѓа со погон на предните тркала, додека опциски за поскапите верзии ќе биде достапен Quattro погон на сите четири тркала. На купувачите ќе им бидат на располагање низа трицилиндрични и четирицилиндрични мотори, а сите ќе бидат опремени со турбополначи. Неодамна претставениот 1,5-литарски TSI Evo мотор, кој доаѓа со редизајнираниот Голф, се чини како логичен кандидат.
Q2 сега ја има улогата на основниот кросовер на Ауди, што значи дека новиот Q3 веројатно ќе порасне за да се дистанцира и за да нема конкуренција. Компанијата наскоро ќе го претстави концептот кој ќе најави доаѓање на Ауди Q4.
Целосно новиот Q3 ќе стигне идната година.
Ауди пред три години делумно го најави Q4 кога го претстави концептот TT offroad на кој се темели и рендерот.
Ќе биде интересно да се види дали новиот кросовер ќе добие посилна верзија, т.е. SQ4 и/или RS Q4.
Ауди Спорт вети дека ќе го развие своето семејсто RS SUV. Се очекува дека за посилен модел ќе биде избран 2,5-литарскиот 5-цилиндричен мотор со турбо полнач, кој развива 400 КС.