„Пининфарина“ и кинеската компанија „Хибрид Кинетик“ на Саемот за автомобили во Шангај претставија две електрични СУВ возила – К550 и К750 и лимузина под ознаката Х600.
Сите три автомобили имаат многу сличен дизајн, а резултат се на соработката на двете компании која трае речиси четири години.
Секој автомобил поседува микро турбински генератор, кој служи за полнење на батериите и продолжување на должината на возењето на автомобилите. Благодарение на генераторот стандардното полнење речиси не е потребно.
Моторите испорачуваат над 800 коњски сили, а турбинската технологија е слична на онаа која ја користи концептот „Јагуар Ц-Икс75“.
Лимузината од нула до 100 километри на час забрзува за 2,9 секунди, додека на СУН возилата им треба малку повеќе време бидејќи се потешки.
К550 е СУВ со пет седишта, додека К750 нуди доволно место за седум патници.