Продажбата на автомобилите на „Дачија“ во март регистрирале раст од 8,8 проценти во Европа, покажа статистикатата на Здружението на европски производители на автомобили, пренесе агенцијата Аџерпрес.
За првото тримесечје од годината продажбата на „Дачија“ во Европа регистрираат раст од 9,9 отсто, а пазарниот удел на автомобилскиот производител се задржува на нивото од 2,6 отсто.
Компанијата „Дачија“ во 1999 година беше купена од „Рено“.
Обновена во 2004 година со моделот „Логан“, брендот „Дачија“ се претвори во препознатлив претставник на европскиот автомобилски пазар, забележува романската агенција.