Коцијанчич: Западен Балкан да одржува добрососедски односи

Од:

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по повод изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно обединување на Албанија и Косово, оцени дека е „најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна“.

– Како што е неодамна потврдено во Европскиот совет, регионот на Западен Балкан има јасна европска перспектива. За да ја постигнеме таа цел соработуваме со сите партнери во регионот, без да се отстапи од принципот на помирување и регионална соработка, истакна Коцијанчич.

Таа нагласи дека каква било форма на политичко влијание е штетна за зацврстување на добрососедските односи.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера во интервју за бриселскиот весник „Политико“ изјави дека ако перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжи да се намалува, тогаш би можело да се случи и обединување на Албанија со Косово.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија