Американскиот потпретседател Мајк Пенс пристигна денеска во Токио, што е втора етапа од неговата десетдневна азиска турнеја.
Главна цел на неговата посета ќе бидат трговските односи меѓу САД и Јапонија. Пред да замине за Токио, Пенс изјави во Американската стопанска комора дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе го преразгледа договорот за слободна трговија меѓу двете земји, кој е потпишан пред пет години.
Претходно во Сеул, разговорите на Пенс со јужнокорејските лидери се однесуваа на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.