Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека неговата Влада разработува план за дејствување во случај кризата на Корејскиот полуостров да предизвика бегалски бран кон Јапонија.
На седница на Парламентот, Абе истакна дека кабинетот подготвува различни мерки, вклучувајќи проверка на евентуални кандидати за азил и за изградба на прифатни центри.
Владата на Абе работи и на планови за евакуација на околу 60.000 Јапонци од Јужна Кореја во случај на криза.