Јапонката Сумико Ивамуро (82), попозната како Ди-Џеј Сумирок, е вистински хит меѓу младите во Токио.
Преку ден таа работи во кујната на својот семеен ресторан, а еднаш месечно прави забави во еден локален музички клуб. Пред да застане зад миксетите, поминала едногодишна обука кај еден од најпопуларните јапонски Ди-Џеј-и.
Оваа Ди-Џеј бабичка пушта претежно техно музика, но кога ќе почувствува потреба кај публиката, не се двоуми и да го смени жанрот. Често пушта и рок, џез, француски шансони, па дури и класични композиции.