Британскиот производител на луксузни возила „Јагуар Ленд Ровер“ собори уште еден рекорд и тоа со продажбата на повеќе од 600.000 автомобили во изминатите 12 месеци, со раст од 16 отсто на годишно ниво.
Значаен раст во продажбата во изминатата една година групацијата „Јагуар Ленд Ровер“ забележа во Кина, и тоа за 32 отсто, во Северна Америка за 24 отсто, Обединетото Кралство за 16 отсто и во Европа за 13 отсто.
Во последниот квартал од 2016 година биле продадени 179.509 возила, што е за 13 отсто повеќе во однос на истиот период од 2015 година, додека во март годинава беа продадени вкупно 90.838 возила, што е раст од 21 отсто во однос на март 2016 година.
Клучната причина за зголемената продажба е воведувањето на кросоверот „Ф-Пејс“, што е најзаслужен за продажниот раст во текот на минатата фискална година.
„Ленд Ровер„ во март на публиката и го претстави новиот модел „Велар“, што е уште еден член на семејството „Ренџ Ровер“. Овој автомобил е позициониран меѓу моделите „Евока„ и „Ренџ Ровер Спорт“.