Убавецот на „Мерцедес“ од 1928 година што вреди неколку милиони евра

Од:

На престижната изложба на олдтајмери во Пебл Бич „Мерцедес-Бенц 680 С Торпедо Роадстар“ е оценет со максималните 100 поени. На аукцијата што следи овој модел ќе биде понуден на продажба, а проценките се дека ќе достигне цена меѓу 6,5 и осум милиони евра.

„Мерцедес-Бенц 680 С Торпедо Роадстер“ од 1928 година на манифестацијата на олдтајмери, што сакоја година традиционално се одржува во калифорнискиот Пебл Бич, во 2012 година беше прогласен за најдобар класичен автомобил .

Станува збор за едно од само три специјални примероци во чија изработка учествувал производителот на каросерии „Saoutchik“, а се смет дека е единствениот преживеан од споменатите три автомобила.

Првиот сопственик бил богат нафтен магнат, кој ова возило го купил на њујоркшкиот авто-салон далечната 1929 година, а следните 75 години останало во сопственост на неговото семејство.

Потоа возолото било продадено на еден колекционер на олдтајмери кој извел целосна реставрација на автомобилот за да го доведе во совршена состојба, што може да се види од фотографијата.

„Мерцедес-Бенц 680 С Торпедо Роадстер“ ќе биде понуден на продажба на аукцијата на куќата „РМ Сотби“, што ќе се одржи во мај, а проценетата вредност го прави еден од најскапите олдтајмери што во 2017 година ќе се појават на продажните аукции.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска