Прием на најмладиот планинар во Агенцијата за млади и спорт

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денес организираше прием на најмладиот македонски планинар, деветгодишниот Ване Бошев.

Целта на посетата на ова амбициозно момче, вљубеник на планинарството беше пренесувањето на импресиите од искачувањето на врвовите Орле (1.511 метри Македонија), Стрешер (1.876 – Србија), Пелистер (2.601 – Македонија), но и плановите за освојување на Скала (2.866), Сколио (2.912) и Митикас (2.918) сите во Грција.

Сите овие врвови малиот Ване планира да ги освои во наредниве два месеца, а како за крај го планира искачувањето на Вихрен (2.914) и Мусала (2.925) во Бугарија.

Ване Бошев е еден од најамбициозните млади планинари во нашата земја и носител е на стипендијата Спортска надеж, која Агенцијата за млади и спорт ја доделува на млади, талентирани спортисти.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек