Ерменецот Тер Сахакјан Самвел е победник на годинашното издание на меѓународниот шаховски турнир „Опен Карпош 2017“.
Седма година по ред , шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ во коорганизација со Општина Карпош, ги носи најврвните светски шахисти во Република Македонија. На турнирот, кој мина во одлична организација и за награден фонд од 10.200 евра, играа 197 шахисти од 30 држави.
Ерменскиот претставник доби награда од 1.600 евра, додека второпласираниот Георгиев Кирил од Бугарија заработи парична награда од 1.200 евра, а Русинот Демченко Антон кој беше трет на крајот заработи 1.050 евра.
Од македонските шахисти 19-годишниот ФИДЕ-мајстор (ФМ) од Скопје, Никола Николовски (2.353, рангиран 39-ти) со 6 освоени поени на крајот заврши како 24-то рангиран.