„Мазда“ повторно со награда за дизајн: „Најдобро од најдобрите“

Од:

Новата „Мазда МХ-5-РФ“ ја освои наградата „Red Dot: Best of the Best“. На овој начин, овој двосед со уникатен расклоплив покрив го повтори успехот на својата сестра – „Мазда МХ 5“ од четвртата генерација со мек покрив, што истата награда ја освои во 2015 година.

Како прва „fastback“ интерпретација на Кодо дизајн „Мазда МХ-5 РФ“ има единствен подвижен тврд покрив, со лесен и ефикасен механизам, па за отворање и затворање се потребни само 13 секунди.

Овој модел му додава практичност на купе уживањеро во возењето со отворен покрив, што е карактеристичен за класичната „МX-5“.

Според организаторот, добитници на наградата „Best of the Best“ се „производи на визионерските на дизајнот, што успеале да постигнат идеален склад со функционалниот квалитет, заводливост и употребливост“.

Признанието „Best of the Best“ („Најдобро од најдобрите“) е резервирана за производите што задоволуваат најмногу дизајнерски стандарди во одредена категорија. Жирито составено од 39 дизајери, професори и новинари избра 102 победници во таа категорија меѓу повеќе од 5.500 пријави од 54 земји, колку што беа примени за годинешниот натпревар.

Критериумите се иновативност, функционалност, ергономија, симболичност и емоционална соддржина, квалитет и еколошка компатибилност.

Ове веќе шеста „Red Dot“ награда за актуелната генерација на моделите на Мазда што се изработени врз основа на Кодо дизајнот. По „Мазда 6“ од 2013 година и „Мазда 3“ една година подоцна, наградите во 2015 година ги освои „Мазда ЦХ-3“, „Мазда 2“ и веќе порано споменатата „MX-5“ со мек покрив.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска