„Оксфам“: Нехуман третман на мигрантите од полицијата во балканските земји

Од:

Меѓународната конфедерација за хуманитарна помош против глобалното сиромаштво „Оксфам“, денеска излезе со најнов извештај за состојбата со мигрантите и бегалците во Европа, при што директно ги обвини Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија и Бугарија, како земји каде овие лица имаат нехуман третман, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според овој извештај, луѓето што секојдневно се обидуваат да ги минат граничните премини во Европа, водени од желбата да го продолжат своето патување за да најдат подобар живот во Европа, се соочуваат со недостаток на пристап до процедурите за азил и страв од малтретирање во земјите на Балканот.

Наместо да бидат места на безбедност, овие земји, се посочува, не успеаја да понудат заштита на многу новопристигнати лица. Новиот извештај на невладината организација „Оксфам“, открива дека мигрантите и бегалците во Србија, Македонија, Хрватска, Унгарија и Бугарија се редовно малтретирани од страна на полицијата. Насилствотото и заплашувањето, како што наведува оваа невладина организација, се користат за да се поттикнат нелегалните мигранти да се вратат назад и не им се дозволува пристап до процедурите за азил, иако таквите акции, според „Оксфам“ – се строго забранети според меѓународното право за човекови права.

– Ние имаме собрано сведочења за наводни систематски злоупотреби и суров третман во рацете на полицијата, граничната полиција и други официјални лица, вклучувајќи и потези со кои некои луѓе се лишени од нивната облека на многу ниски температури и се истурала ладна вода врз нив, напаѓани се од кучиња, тепани и ограбувани. Дури и кога луѓето одлучиле да останат, тие редовно се одбивани од процесите за барање азил и соодветни информации. Во некои случаи, нивните барања се целосно игнорирани, се наведува во најновиот извештај на „Оксфам“.

Инаку, ваквата брутална тактика, како што наведува оваа невладина организација за справување со мигрантски прашање, намерно се користи за да се враќаат бегалците назад кон претходните земја на транзит или дури и кон некоја друга земја. Тоа, според извештајот, се прави без објаснување или шанса да побараат азил, при што, наводно илјадници од нив се веќе илегално протерани.

Властите во овие земји, како што се наведува во извештајот, ги претфрлаат бегалците од една во друга земја и надвор од правниот систем, без нивните индивидуални случаи да се ислушаат, без правна помош или преведувачи и без никаква можност за жалба. Таквите активности се вели дека создаваат клима на страв и недоверба и ги тера луѓето повеќе било кога да ги избегнуваат официјалните системи, да се потпираат на шверцерите во продолжувањето на своето патување кон било кои други места во Европа, каде се надеваат дека ќе бидат побезбедни.

– Владите на Србија, Македонија, Хрватска, Унгарија и Бугарија мора веднаш да стават крај на сите нелегални враќања и колективни протерувања. Тие мора под итно да ги испитаат злосторствата извршени врз мигрантите, вклучувајќи ги и бегалците и да воведат мерки за да се спречат идните прекршувања. Сите влади мора да осигураат дека луѓето што имаат потреба од меѓународна заштита ќе имаат пристап до фер и ефективни процедури за азил, се вели на крајот во извештајот на невладината „Оксфам“.

Портпаролката на Европската комисија задолжена за мигрантски прашања, Наташа Берто, денеска посочи дека неформалната Влада на Европската унија се уште не го разгледала овој извештај за да може да коментира на обвинувањата за лош третман на бегалците, иако посочи дека Брисел истите наводи „ги зема за сериозни“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ