„Фолксваген“ во понудата го стави и новиот „Голф 1.5 TSI“ со 150 кс

Од:

Како што и најави, германскиот производител на автомобили „Фоклксваген“ во својата понуда го вклучи и рестилизираниот модел на „Голф“ со нов турбо бензински агрегат.

Верзијата со 1.5-литарски мотор, што беше најавен уште од есенеска, во Германија стана достапна по цена од 26.400 евра за моделот со основен „Comfortlin“ пакет опрема.

Новиот „Голкф 1.5 ТСИ“ на Фолксваген испорачува 150 кс (110 кW) и 250 НМ максимален вртежен момент во минута, што е достапен од 1.500 о/мин. Овој агрегат е опремен со технологија за деактивирање на цилиндрите што овозможува просечна потрошувачка од пет литри на 100 километри и емисии на ЦО2 од 114 грама на килметар во комбинација со шестбрзински мануелен менувач.

Резултатот е нешто подобар доколку место овој се избере опциоскиот „ДСГ“ модел до двојно квачило. Просечната, фабрички декларирана, потрошувачка тогаш се спушта на 4,9 литри, а емисиите на ЦО2 на 112 грама на килиметар.

Како што велат од „Фолксваген“, во текот на првата половина од годината новиот „1.5 TSI“ агрегат ќе биде достапен и во BlueMotion верзијата со 130 кс и 200 Нм и потрошувачка од 4,6 литри на 100 километри.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска