Лидерите на двете заедници на Кипар се согласија да ги обноват преговорите за повторно обединување на островот на 11 април.
Информацијата е потврдена по средбата во Брисел меѓу лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи и генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш.
Преговорите за Кипар беа прекинати во февруари годинава, откако Акинџи го напушти преговарачкиот процес во знак на протест поради одлуката на Парламентот во Никозија за задолжително одбележување на годишнината од референдумот од 1950 година, на кој кипарските Грци се изјаснија за обединување на тогашната британска колонија Кипар со Грција.