„Порше“ го промовираше унапредениот прототип на својот „919 Хибрид “, наречен „ЛМП 1“, со кој оваа сезона ќе настапи во Светската трката на издржливост (ВЕЦ).
Целта на „Порше“ е да ја одбрани ланската тутула во ВЕЦ шампионатот и да победи во трката „24 часа Ле Ман“.
Развиениот прототип „ЛМП 1“ на „Порше“ го покренува комбинација на дволитарски турбо-бензински В4 мотор и хибриден систем, а веќе се знае дека автомобилот располага со два аеродинамични пакети кои оптимално ќе одговараат на барањето на патеките на ВЕЦ шампионатот.
– Не го менувавме основниот концепт, но унапредивме 70 отсто од останатите елементи на автомобилот и се надеваме дека ќе биде доволно да остане на врвот, рече шефот на тимот на „Порше“, Андреас Зејдл.
„Порше“ и оваа сезона ќе настапи на ВЕЦ со две возила. Прототипот „ЛМП 1“ со стартен број 1 ќе го бозат Нил Јани, Андре Лотерер и Ник Тенди, а „двојката” ќе ја возат Ерл Бамбер, Тимо Бернхард и Брендон Хартли.