ВИДЕО: Како правилно се изговараат имињата на автомобилските марки?

Од:

Ако не сте многу сигурни како се изговараат имињата на брендовите како што се на пример „Ламборџини“ или „Хјундаи“, погледнете го видеото кое ќе ви помогне да ги решите евентуалните дилеми.

Иако љубителите на автомобилите се убедени дека знаат точно да ги изговорат имињата на своите омилени марки, понекогаш непријатно се изненадени кога ќе дознаат дека грешеле во тоа со години.

Шпанскиот автомобилски новинар Жерар Фаре го искористил салонот во Женева со цел од претставниците на автокомпаниите да дознае како правилно се изговараат имињата на марките како што се „Мицубиши“, „Мазда“, „Хјундаи“, „Нисан“, „Пагани“, „Пежо“, „Ситроен“, „Мерцедес-Бенц“, „Сузуки“, „Тојота“, „Фолксваген“, „Кенигсег“, „Ламборџини“ и многу други.

Фаре се потрудил името на секоја автомобилска марка да го изговори лицето од земјата од која потекнува брендот. Слушнете и дознајте дали сте грешеле при изговарањето.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска