Џаред Кушнер, зетот на Трамп и негов постар советник е во официјална посета на Ирак, изјави висок претставник од американската Влада. Кушнер е во Ирак заедно со шефот на Комитетот на генералштабовите Џоузеф Данфорд.
Владата не даде повеќе детали за посетата, но според американски медиуми, централна тема ќе биде борбата против ИД.
САД предводат меѓународна коалиција против џихадистите и извршуваат воздушни удари за поддршка на ирачките владини сили на терен. Кушнер (36) е еден од најблиските соработници на Трамп и има големо влијание во Белата куќа за внатрешна и надворешна политика.