Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е првиот финалист на АТП турнирот во Мајами, САД, откако вечерва во полуфиналето го совлада Фабио Фоњини (Италија) со 2-0 во сетови.
Шпанецот беше надмоќен во првиот и го доби со 6:1, додека во вториот се играше порамноправно за на крај да биде 7:5 во гемови.
Надал ќе го игра своето петто финале на овој Мастерс, а негов противник во мечот за трофејот ќе биде подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Роџер Федерер (Швајцарија) и Ник Кирјос (Австралија). Почетокот на овој меч е еден час по полноќ.