Повеќе од 200 шахисти на „Опен Карпош 2017“

Од:

Под покровителство на Општина Карпош, а во организација на шаховскиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“, утре (1 април) со почеток во 16 часот, свечено ќе биде отворен 7-от по ред Меѓународен шаховски турнир „Опен Карпош-2017“.

Овој турнир во „најмислечката игра“ кој прераснува во светски бренд од највисок ранг, ќе трае една недела, и традиционално ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“. Официјално за отворен турнирот ќе го прогласи градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На овој голем шаховски настан во Карпош кој се вбројува меѓу топ десетте кои се организираат во Европа ќе учествуваат над 200 високо рангирани шахисти, велемајстори и интернационални мајстори од 30 земји.

Шаховскиот турнир во наредните седум дена ќе се одигра во девет кола. Во недела на 2 април ќе се одиграат две кола од 9.30 часот и од 17 часот, а потоа секој нареден ден натпреварувањата ќе почнуваат од 17 часот. Турнирот ќе се игра според правилата на Швајцарскиот систем во девет кола. Играчите ќе имаат на располагање 90 минути за повлекување на 40 потези и 30 минути до крајот на партијата со 30 секунди по потег, броејќи од првиот потег. Наградниот фонд за шаховскиот турнир изнесува 10.200 евра, а за најдобриот шахист за оваа година наградата изнесува 2.000 евра.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ