Рама: Балканците ќе бидат мирни додека веруваат во членството во ЕУ

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека граѓаните и политичарите на Балканот ќе бидат мирни се додека не ја загубат вербата за членство во Европската Унија.

– Границите ќе бидат доведени во опасност доколку ЕУ седи со скрстени раце и на тој начин им го препушти регионот на Русите, вели Рама во интервју за швајцарскиот весник „Тагесанцајгер“.

Според него, балканските земји можат да се развијат во зрели демократии единствено во рамките на ЕУ.

Рама во интервјуто оценува дека „политичката температура“ на Балканот значително се вжештува, пред се во Македонија, каде, според него, состојбата би можела да излезе вон контрола.

– Ние само бараме Владата во Скопје да ги почитува правата на албанското малцинство. За нас е незамисливо Македонците да го отфрлат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, изјавил Рама во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски