Коалицијата предводена од САД во Ирак призна дека можеби е одговорна за смртта на цивили во Мосул

Од:

Меѓународната коалиција предводена од САД, што се бори против Исламската држава, призна вчера дека можеби е одговорна за смртта на многу цивили во ирачкиот град Мосул.

Податоците на ОН покажуваат дека над 300 цивили се загинати во западниот дел на Мосул, откако во средината на февруари ирачката војска, поддржана од коалицијата, започна офанзива за протерување на џихадистите.

Тие податоци се однесуваат за периодот до 22 март, но можеби има и повеќе жртви бидејќи се уште нема потврдени инфомарии за 95 цивили, кои се смета дека се загинати меѓу 23 и 26 март, посочи Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Американскиот генерал Стивен Таунзенд, кој ги командува во Багдад силите на коалцијата, призна дека тие „имаат голема улога“ во смртта на многу цивили при воздушниот удар во Мосул на 17 март.

– Ако има убиени цивили, тоа е несакан воен инцидент, нагласи Таунзенд.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот