Пливачкиот клуб Бета собраа вкупно 261 медали од кои 86 златни, 80 сребрени и 95 бронзени на Зимското државно првенство викендот во Скопје со што четврта година по ред е екипно најдобар клуб во Македонија.
Воедно пливачка на Бета, Ана Јаневска постави нов национален младински рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 29,64 секунди.
Како најдобри пливачи по категории беа прогласени Љупчо Ангеловски за најдобар сениор, Давор Петровски за најдобар младинец, Андреј Стојановски за најдобар постар пионер и Јанковски Јован и Миа Блажевска Еминова за најдобри помлади пионери.