Француската екипа Монпеље направи големо изненадување откако синоќа во рамките на првото осминафинале од Лигата на шампионите го совлада европскиот првак Киелце.
Ракометарите на Монпеље славеа победа со 33:28, а на полувреме беа во негатива 14:16.
Јуре Доленец и Диего Симоне со по 8 голви беа најефикасни.
На другите дуели одиграни вчера победија гостите: Силкеборг – ПИК Сегед 24:26 и Мешков Брест – Флензбург 25:26.
Претходно во осминафиналните дуели: Кил – Рајн Некар Ловен 24:25, Загреб – Веспрем 22:23 и Нант – ПСЖ 26:26.
Реванш натпреварите ќе се играат од 30 март до 2 април.