Авганистан со новите закони оствари одреден напредок во заштита на жените од семејно насилство, но голем број се уште се жртви на злоставување, покажува извештајот на Обединетите нации.
Оваа оценка е објавена неколку дена откако беше убиена директорката на канцеларијата за женски прашања во источниот дел на Авганистан, а проценката на состојбата започна со смртта на една 15-годишна девојка која се запали годинава по честото тепање од својот маж и неговиот татко.
По пријавувањето на случајот во полицијата, од девојката е побарано да ја повлече тужбата или ќе заврши во затвор.
Авганистанската Независна комосија за човекови права регистрирала 4.100 случаи на насилство врз жени од април до октомври годинава, што е речиси двапати повеќе од претходната година, се наведува во извештајот на ОН.
Во 16 од 34 авганистански провинции, каде ОН биле во можност да дојдат до детални податоци, само 21 процент од 470 пријавени случаи на насилство врз жени резултирале со кривични пријави.