Стабилноста на Западен Балкан е од голема важност за Словенија, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, предупредувајќи не само на политичките врски, туку и на големиот обем на трговска размена меѓу словенечките претпријатија со државите во тоа опкружување.
Тој истакна дека Словенија, како и ЕУ, се соочува со кризните предизвици во Украина, на Блискиот Исток, турбуленциите предизвикани со Брегзит, но за словенечката политика е посебно важно прашањето на регионална стабилност во најблиското соседство.
– Имаше период кога сметавме дека Балканот се движи во правец на поголема стабилност, но ситуацијата таму се влошува. Тоа за нас е исклучително важно прашање и од економска страна, бидејќи со тоа подрачје остваруваме пет милијарди евра размена. Секоја нестабилност може да влијае врз трговијата, нагласи Ерјавец.