Џани Питела: Земјите од Балканот се приоритет за ЕУ

Од:

Во Европскиот парламент во Стразбур со голема загриженост се следи развојот на ситуацијата на Балканот, вклучително и во Македонија, тоа го потврди и Џани Питела, претседателот на Групата на социјалистите одговарајќи на прашање на постојаниот дописник на МИА од Стразбур.

Најпрво, италијанскиот европратеник објасни дека одложувањето на гласањето на резолуцијата за Македонија е по барање на известувачот, со оглед на ситуацијата во земјата.

– Известувачот за Македонија предложи да почекаме со гласањето на извештајот во очекување на тоа како ќе се развие ситуацијата во земјата. Тоа не е ништо негативно од наша страна, туку сакаме да разбереме како ќе еволуираат нештата, вели Питела.

Тој притоа посебно инсистираше на европската преспектива на Балканот, кој треба да остане приоритет за Европската унија.

– Што се однесува до Балканот сакам да испратам порака на отворање и повторена доверба во позитивните односи меѓу Европската унија и земјите од Балканот. Ние сакаме да продолжи процедурата на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската унија. Се разбира ова по 2019 година. За земјите кои мислат дека ние ги променивме нашите ставови, сакам да кажам дека за нас земјите од Балканот се политички приоритет, вели Питела.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп