Вардарки против Митјиланд, вардарци го чекаат победникот од Мешков Брест и Фленсбург

Од:

Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во групната фаза, комплетиран е списокот на екипи кои ќе играат во нокаут рундата во ракометната Лига на шампиони во двете конкуренции.

Ракометарите на Вардар, кои го освоија првото место во својата група директно обезбедија пласман во четврфиналната рунда. Македонскиот шампион за место на завршниот „фајнал-фор“ турнир ќе игра со подобриот од осминафиналниот двомеч меѓу белорускиот првак Мешков Брест и германската екипа Фленсбург.

Директен пласман во четвртфиналето обезбеди и Барселона за која настапуваат Кирил Лазаров и Борко Ристовски. Шпанскиот шампион ќе игра против победникот од германската пресметка меѓу Кил и Рајн-Некар Ловен.

Во останатите осминафинални натпревари ќе играат: Нант – Париз Сен Жермен, Силкеборг – ПИК Сегед, Монпелје – Киелце и ППД Загреб – Веспрем.

Првите натпревари од нокаут фазата ќе се играат од 22 до 26 март, а реваншите се седум дена подоцна.

Во женска конкуренција македонските шампионки – ракометарките на ЖРК Вардар за место на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта ќе се борат со данската екипа Митјиланд. Црвено-црните првиот меч од четвртфиналето ќе го играат на гостински терен во периодот од 7 до 9 април, додека реванш средбата во Скопје ќе се игра во приодот од 14 до 16 април.

Во другите четвртфинални средби кај дамите ќе се сретнат: Мец – Ѓер, ЦСЛ Букурешт – Ференцварош и Будуќност – Ларвик.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска