Штербик голман на колото во Лигата на шампионите

Од:

Голманот на Вардар Арпад Штербик беше најзаслужен за победата над шведскиот шампион Кристијанштад (32:29) извојувана вчеравечер во Скопје во рамките на последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Признание за одличната партија на Штербик кој натпреварот го заврши со 19 одбрани стигна од ЕХФ ТВ. Штербик влезе во идеалниот тим на колото во изборот на Европската ракометна федерација.

Идеален тим на 14. Коло во Лигата на шампионите за ракометари:

лево крило: Јонас Калман (ПИК Сегед)
лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
среден бек: Себастијан Скубе (Силкеборг)
десен бек: Јуре Доленец (Монпелје)
десно крило: Виктор Томас (Барселона)
пивот: Михаел Кнудсен (Силкеборг)
голман: Арпад Штербик (Вардар).

Првпат откако се натпреварува во групите од ЛШ, Вардар завршува на крајот како првопласиран, и првпат ќе игра директно во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска