Првпат откако настапува за Вардар, Белорусинката Дијана Илина го сврти вниманието на ЕХФ, и беше ставена во изборот за еден од петте најдобри голови на колото покажувајќи го нејзиниот квалитет. Во еден од изборите се најде и Јованка Радичевиќ, и Амандин Лејно.
Десното крило на Вардар, Јованка Радичевиќ постигна девет голови на дуелот со Турингер покажувајќи дека таа се враќа во својата препознатлива форма, а тоа од страна на ЕХФ веднаш беше препознаено.
Ова е третпат сезонава ракометарка да бде во Топ-3 ѕвездите на колото, а тоа претходно и успеа на Андреа Пенезиќ
Меѓу трите ѕвезди во оваа коло се најдоа и Вероника Кристијансен и Аурелија Брадеану.
Голманот на „црвено-црните“ Лејно имаше неколку впечатливи одбрани, а една од нив и обезбеди за прв пат влез во ТОП 5 изборот на ЕХФ ТВ.
Белорусинката Дијана Илина која не добива многу шанса оваа сезона, на дуелот со Турингер упати еден проектил што противничкиот голман не можеше ниту да го види, а уште помалку да го одбрани. Тој погодок на Илина и донесе место во ТОП -5 голови на колото.